Во Росоман поставени првите 30 контејнери, градоначалникот Крстевски најавува уште два проекти за подобрување на комуналната хигиена
Објавено: 13 октомври, 2026, во 14:15 часот
Триесет и три нови метални контејнери за отпад со зафатнина од 1,1 кубен метар се поставуваат на територијата на Општина Росоман. Јавнатната набавка чини вкупно 891 илјада или околу 27 илјади денари за еден контејнер. Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, со кофинансирање од општинскиот буџет.
Градоначалникот Ѓорѓи Крстевски вели дека ова не е единствен прект за зголемување на капацитетите за собирање на отпад и подобрување на комуналната хигиена на јавното комунално претпријатие во општината.

-Целта е како да ја подобриме комуналната хигиена и услугите на граѓаните. Во соработка со локална фирма ќе се обезбедат дополнителни 30 контејнери. Исто така и преку УНДП планираме да обезбедиме контејнери за рециклирање на отпад односно да се обезбедат канти за комунален отпад, додаде Крстевски.
Убавка Јаневска


