Клементина Војдиновска е светски карате судија – Рефери Б
Објавено: 13 октомври, 2026, во 15:30 часот
Овој значаен успех е резултат на посветеноста, трудот, знаењето и љубовта кон карате спортот што Клементина Војдиновска го покажува со децении. Таа беше единствениот претставник од Македонија кој го положи испитот и го постигна овој успех, претставувајќи ја сопствената држава и Карате клуб „Гладијатор“ од Велес на меѓународно ниво пред официјалното започнување на Светско првенство.
„Ова признание претставува голем чекор напред, како за нејзиниот личен развој, така и за афирмацијата на македонското карате на светската сцена. Упатуваме искрени честитки за постигнатиот успех и ѝ посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достоинствено претставување на Македонија и клубот „Гладијатор“,“ соопштија од овој велешки карате клуб.
Убавка Јаневска
