Државен Архив отвори изложба „Македонија, Македонците и Македонскиот фронт низ фотообјектив“ во Ликовен салон Велес
Објавено: 14 октомври, 2026, во 14:11 часот
По повод 110-годишнината од формирањето на Македонскиот фронт, во време на Првата Светска војна, Државниот архив – подрачна единица Велес, во Ликовен салон, отвори изложба „Македонија, Македонците и Македонскиот фронт низ фотообјектив“.
Изложбата има за цел да ги претстави сеќавањата на непосредните учесници на настаните и да ги сочува фотографиите кои говорат за Првата Светска војна на територијата на Македонија. Тие не ги прикажуваат битките туку спомените на учесниците во нив.
Јасмина Дамјановска, директорка на Подрачното одделение Велес на Државен Архив на Македонија пластично ја појасни суштината на најразурнувачката војна која што се водела на територијата на Македонија и се заблагодари на велешанецот Киро Вангелов за користење на дел од семејните албуми со сочувани фотографии.
Убавка Јаневска


