Пијанистката Арлен се дружеше со публика пред концертот во велешки Театар на 31 октомври, годинава (видео и фото)

Објавено: 15 октомври, 2026, во 11:29 часот

Дружењето со велешката публика Андријана Арлен, вчера вечер, во „Пијано бар“ во Велес го отвори со изведба на авторска композиција.

Потоа велешанката која 20 години живее, работи и изгради кариера во Шведска мотивираше млада присутната публика самостојно или со нејзина помош да изведе  композиции на пијано.

На нејзината промоција своја пијано изведба имаше и младиот и талентиран пијанист Никола Спасевски од Велес.

Исто така на прес конференција со медиумите потсети зошто родниот град Велес го избра за почеток на македонската концертна турнеја „ARLEN – Silver Night“ – современо музичко и сценско шоу кое што ќе се одржи на 31 октомври во Театар „Јордан ХК Џинот“ со почеток во 20:00 часот.

Влезниците по цена од 1.200, 00 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата на велешки Театар.

Арлен ги покани велешани велејки дека ќе имаат можност на  „Silver Night“ да присуствуваат на незаборавни 90 минути од вечер во која што концертот не е замислен како традиционален, само со класична музика бидејќи публиката нема да гледа само пијанист зад клавир туку на сцената ќе се спојуваат камерен оркестар, вокал, саксофон, танц и современи битови, дополнети со специјално дизајнирано светло, сценографија и визуелна продукција.

Фотографија на Андријана со нејзината одделенска наставничка Елена Панова во ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес

Концертот е поделен во различни музички целини – од препознатливи класични мотиви и емотивни пијано моменти, до филмска музика, современи аранжмани и делови во кои целата атмосфера на сцената целосно се менува.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.