Невработени велешани од државата добиваат можност за бесплатна обука за пожарникари

Објавено: 19 октомври, 2026, во 13:31 часот

Невработени лица кои имаат завршено средно образование и редовно се евидентираат во Центар за вработување Велес  имаат можност да се пријават за бесплатна обука за пожарникар. Станува збор за обука која што ја финансира државата и произлегува од Мерката побарувано занимање на пазарот на труд поврзана со вкупно 11 занимања.

Обуката ќе се реализира во период од два месеци. По завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од еден месец.

„Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 12.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката. Надоместок за мобилност во износ од 5.000 денари месечно, за лице кое ќе се вклучи во обуката, доколку не е обезбедена во Центар за вработување во неговото место на живеење,“ соопштиja од Агенцијата за вработување.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обуката пропишан од Министерство за образование и наука како и од Ценатар за образование на возрасни.

Крајниот рок за пријавување за учество во обуката е 26.10.2026 година или до пополнување на предвидениот број на кандидати, согласно оваа мерка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.