Од денес пад на температурите за неколку степени
Објавено: 2 септември, 2020, во 06:50 часот
02.09.2020
Претежно сончево, ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде за неколку степени посвежо. Максималната температура до 33 степени, соопшти УХРМ.
Во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. УВ=7.
Слично време со слични температури се очекува и во следните денови. В петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер.



