Издумани Крлевизми: „Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам!“

Објавено: 17 април, 2026, во 12:42 часот

Афористичкото перо на Атанас Крлевски во изминативе седум дена за читателската заедница на Дума.мк напиша нови 10 афоризми. Сатиричарот и афористичар поттикнат од случки и настани во секојдневниот живот Ви предлага да прочитате:

„Ми пуштија водичка, за да молчам како риба.“

„Знам сѐ! Други мани… немам!“

„Не фрлајте ми песок во очите! Не стигнува до мојата оаза.“

„Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам!“

„Никој не знае, колку не знае!“

„Срамот со години гладува. Нема кого да го јаде.“

„Добрината е бумеранг кој секогаш не ни се враќа.“

„Го изодев патот, а пред мене бездна. До изборот е!“

„Често зборувам за жена ми. Со жена ми – ретко!“

„Не ми цветаат ружи, ама ми цветаат лалиња!“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.