Пожолте светиниколската река
Објавено: 18 септември, 2020, во 08:12 часот
18.09.2020
Жолта течност течеше вчера вечер во коритото на реката што минува низ центарот на градот. Пријава стигна до општината чии инспектори излегоа на терен. Тие извршија надзор и подготвија записник.
-Според извештајот од службите се работи за моментално истекување на непозната жолта течност од канализационата мрежа . Во моментот речното корито е чисто. Инспекциските служби денеска дополнително ќе го утврдуваат можното потекло на испуштената течност во речното корито и ќе бидат превземени санкции против сторителите на загадувањето, рече градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски.
Градоначалникот апелираше совесните граѓани да пријавуваат загадување на животната средина и побара поголема грижа од сите за чиста и здрава животна средина./У.Ј
