Предлог мерки: Забрана за организирање настани, кратење на работното време до 23 часот и редуциран капацитет во јавниот превоз
Објавено: 16 октомври, 2020, во 10:10 часот
16.10.2020
Целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и капацитетот во јавниот превоз капацитетот да биде исполнет до 50 отсто се новите предлог мерки кои биле донесени на денешниот утрински состанок на Комисијата за заразни болести.
Како што изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, следната недела во Собрание треба да ги донесе законските измени за полиција, по што на Влада ќе може да биде изгласан претходниот пакет мерки.
Претходните предлог мерки се задолжително носењето маски на отворено, како и забраната за домашни посети, и забрането групирање дома по 22 часот


