21 нов случај на корона вирус во Тиквешијата – во изолација ученици и наставници
Објавено: 28 декември, 2020, во 11:50 часот
28.12.2020
Позитивна наставничка од специјалната паралелка во Кавадарци е позитивна на корона вирус. Во изолација се ставени двајца ученици. Дијагностициран е и позитивен ученик од основно училиште во Неготино, поради што во изолација се ставени 12 ученици и еден наставник.
Во тиквешкиот регион, заклучно со синоќа се дијагностицирани вкупно 21 нов случај на корона вирус.
„Во Кавадарци има 12 нови позитивни, седум во Неготино и двајца во Демир Капија. Сите се на возраст од 13 до 81 година“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира по тројца оздравени пациенти во Кавадарци и Неготино.
Во Кавадарци од вкупно 2051, активни се 588 случаи, а во Неготино од 984, активни 332.
А.Д

