Починат шеесет и две годишен прилепчанец и лесно повредена старица ,на автопатот Велес – Скопје, затекала екипата на велешка Брза помош

Објавено на 10 јануари, 2021 во 16:34

avtopatpocinatvozac fin

10.01.2021 година

Починатиот прилепчанец В.С. (62) лежел на коловозот на лентата за застанување на автопатот Велес – Скопје веднаш до возилото марка „мазда“ што го управувал, претпладнево околу 10 часот, кога таму стигнала екипата на Итна помош на Здравствен дом Велес. Тој имал проширени зеници и не давал знаци на живот.

-Го реанимиравме повеќе од 5 минути но реанимацијата не даде резултат. Откако констатиравме смрт ја забележавме жената во автомобилот, која со помош на патници кои се затекнаа во моментот на автопатот , успеавме да ја извадиме од автомобилот и да и укажеме помош иако таа беше во свесна состојба. Возрасната жена имаше само гребнатинки на главата и на десната потколеница. Автомобилот го затекнавме прописно паркиран иако имаше мали оштетувања на каросеријата. Екипата на Итна помош го организираше транспортот на повредената старица до Хирушки амбуланти на Општа болница Велес каде ја предадовме на дежурните колеги специјалисти, рече д-р Жарко Манасков од велешка Итна помош.

Според очевидци починатиот В.С излегол од автомобилот и потоа паднал на коловозот на автопатот. Тие се обиделе да му помогнат и во исто време побарале помош во СВР Велес. Очевидците не знаеја што претходно се случило со починатиот.

del od avtomobil fin

Лесно повредената жена, Д.С (89) од Прилеп, му била мајка на починатиот прилепчанец. Таа е задржана на опсервација на Хирушко одделение во Општа болница Велес откако била прегледана и и била пружена помош.

– Денес, околу 10:30 часот на одделот за хирургија од страна на Итната медицинска помош е донесена пациентка Д.С. на 89 годишна возраст од Прилеп, повредена во сообраќајна несреќа. Пациентката се здобила со лесни телесни повреди на главата и на десна потколеница. Задржана е на опсервација на одделот за Хирургија при ЈЗУ Општа Болница -Велес., рече портпаролката д-р Елеонора Јованова.

Bolnicaprvonovorodence fin

На местото на несреќата излегле јавен обвинител од ОЈО Велес, Аделина Станинова и увидна екипа на СВР Велес.

-Возилото излетало од патот и во несреќата има повредено жена на 89 годишна возраст како и починат маж на 62 годишна возраст. Жената е пренесена во велешка болница а по наредба на јавен обвинител лешот ќе биде предаден на обдукција. За време на вршење на увидот сообраќајот на автопатот беше во прекин два часа, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

По наредба на обвинителката Станинова лешот на починатиот утре ќе биде предаден на обдукција откако денеска бил транспортиран во капелата на гробиштата во Раштани, кај Велес. Резултатите од увидот како и од обдукцијата ќе треба да покажат што точно се случило и под кој околности починал прилепчанецот В.С.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.