Неколку нови ковид-пациенти хоспитализирани во велешката болница
Објавено на 1 февруари, 2021 во 13:23
01.02.2021
Во Општа Болница Велес, хоспитализирани се 24 ковид пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и еден пациент е со негативен брис но задржан на болничко лекување.
-Во моментов на кислородна поддршка имаме само седум пациенти, а во последното деноноќие имаме испишано и еден пациент како оздравен, со по еден негативен тест. – соопшти д-р Еленора Јованова.
Од хоспитализираните 24 пациенти, на Инфективно одделение лежат 22 додека на Интерно одделение двајца пациенти.
Починат е еден пациент на 72 годишна возраст,од Велес, позитивен на вирусот , лекуван на Интерно одделение шест дена.
Стефани Манева
