Грчкиот министер за цивилна заштита во посета на Скопје
Објавено на 26 февруари, 2021 во 09:14
26.02.2021
Делегација предводена од грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис денеска ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, министерот Хрисохоидис ќе биде пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со кога ќе има тет-а –тет средба.
-Прашања од медиумите не се предвидени, а снимена изјава од двајцата министри и соопштение ќе биде испратена од прес-службата на Министерството за внатрешни работи, стои во соопштението.