Симовски: Законот за попис е дециден, сите злоупотреби на системот ќе се казнуваат со затворска казна
02.03.2021
Во член 9 од Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години што значи дека кривична постапка ќе биде покрената за сите кои се обидуваат да приложат лажни податоци во системот.
Директорот на заводот Апостол Симовски, веќе предупреди дека сите злоупотреби на системот за попис ќе бидат казнети според казнените одредби од законот за попис, што значи дека секој обид за манипулација на системот односно регистрирање како дијаспора на граѓани кои се во Македонија ќе се сметаат како намерен упад во апликацијата, а системот ќе покаже дека таквите податоци не се веродостојни.
Денеска програмери јавија дека откриле слабост во системот односно секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство. VPN е алатка која ја редиректира IP адресата на друго место. Користејќи VPN лажно може да се покаже приклученост од друга држава.