Акцијашите ветерани од екс-Југославија, годинава, на две Работни акции – постигнат договор помеѓу МРА „Скопје 2026“ и ОРА „Нови Пазар 2026“ (видео)

Објавено: 25 април, 2026, во 12:26 часот

И двете работни акции ќе се одржат во месец јули, годинава. ОРА„Нови Пазар 2026“ од Србија ќе го помести терминот за седум дена за да може акцијашијашките бригади од словенечки Триглав до македонска Гевгелија да учествуваат прво на МРА „Скопје 2026“. Бригадите имаат обврска да имаат поголем број на акцијаши, млади и само по неколкумина ветерани. Целта е да се шири мисијата на акцијаштвото, како во поранешната држава, Југославија, и да се работи на подигнувањето на свеста на младите за доброволна работа поточно волонтерство преку кое што се градат и разубавуваат државите како и да се покаже со конкретни дела благодарност кон тоа што татковината вложува во младите. Ова вчера во Велес го договорија Борче Георгиевски, претседател на Сојуз на здруженија на акцијаши ветерани и на Организацискиот одбор на МРА „Скопје 2026“ и Љиља Костиќ, Командантка на ОРА „Нови Пазар“.

Костиќ за Дума.мк вели дека Штабот на ОРА„Нови Пазар“ направил отстапка и дал предност на Штабот на МРА„Скопје“ прво акцијата да се одржи во Македонија за да можат бригадите од сите поранешни ЈУ републики да учествуваат па потоа да бидат учесници и на акцијата во Србија. Новопазарските акцијаши ветерани ги обезбедиле финансиските средства за седумдневната акција која ќе започне на 25 јули и каде акцијашите ќе продолжат да работат на езерото „Рибарики“, во близина на Нови Пазар на траса за продолжување на плажата откако езерото влезе на Туристичката карта на Србија. Поточно на продолжување на рибарската стаза. Костиќ откри уште неколку изненадувања за учесниците на оваа акција додавајќи:

Георгиевски се заблагодари на колешката Костиќ за отстапката, годинава, прво да се одржи МРА „Скопје“ и вети колегијална отстапка за наредната година. Тој додаде дека бригадите на поранешните ЈУ републики ќе бидат учесници на седумдневната акција „Скопје од нашите дланки – Скопје се сеќава!“, веќе во понеделник, 27 април, ќе треба да се знае дека ќе започне на 12 јули, 150 акцијаши ќе работат на две траси, на разубавување на скопските паркови и расчистување на речното корито на река Вардар. Георгиевски додаде:

Освен учеството на двете работни акции, престојново лето, акцијашите ветерани со подмладокот ќе се дружат и на две три дневни средби, првата организирана од колегите во Јагодина, Србија и втората од колегите во Загреб, Хрватска.

Тоа се два градови од бивша Југославија во кои се реализираа акции како што беше, една од најголемите и најпознати „Сава“, на која тогашните бригадири го изградија кејот на истоимената река во Загреб .

Домаќини на настанот беа членовите на ЗГ„Велешки акцијаши“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.