47 ковид болни се лекуваат денеска во велешка болница
Објавено на 12 март, 2021 во 16:31
12.03.2021
Во Општа болница Велес денеска вкупно се хоспитализирани 47, од кои 36 се потврдено позитивни, две сомнителни и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На Инфективното одделение се лекуваат 40 и на Интерно одделение седум пациенти.
На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Денеска од болничко лекување испишани се шест пациенти како оздравени со еден негативен тест.
Убавка Јаневска