Уметниците донираат за поплавените
Седумдесетина уметници од неколку земји во изминативе денови активно твореа на меѓународната ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово 2016“. Создадоа 160 дела, а синоќа истите беа изложени во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Изложбата е од продажен карактер. Делата се на аукција и со купување на уметничка слика се донира за поплавените во скопско.
„Средствата од продажбата на сликите насликани во рамките на колонијата, ќе бидат донирани за поплавените семејства од невремето кое беше на почетокот на овој месец во скопско и тетовско, рече на отворањето на изложбата, директорот на домот на културата, Владимир Темков.
Благодарност за хуманоста на уметниците искажа и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов./ A.Д