23 прекршувања на забраната за движење и 609 лица казнети за не носење маска
Објавено на 31 март, 2021 во 11:32
31.03.2021
Министерство за внатрешни работи соопшти дека 23 лица ја прекршиле забраната за движење за време на полициски час, кој трае од 22.00 до 05.00 часот.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.