Приведени двјаца дилери кај Сопот, запленето поголемо пакување со хероин

Објавено на 12 април, 2021 во 09:29

policiska traka 2 680x365 c

12.04.2021

На автопатот Скопје-Велес, вчера во попладневните часови, во близина на наплатната рампа кај село Сопот приведени се двајца дилери на дрога.

Службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со Сектор за внатрешни работи Велес, ги лишеле од слободна А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп.

Тие се уапсени бидејќи при извршен преглед на возилото пронајдено е поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Според соопштението на МВР, лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Стефани Манева 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.