Царовска: Наставниците отсега нема да се плашат од политички притисоци, ќе се насочат кон квалитетно предавање
Објавено на 23 април, 2021 во 11:00
23.04.2021
Наместо страв од отказно решение преку новиот Закон за наставници, обезбедуваме трајно вработување, мотивација и сигурност, изјави Министерката за образование Мила Царовска, во гостување на Телма ТВ.
-Со новиот закон се носи одлука вработувањето на наставниците да биде на неопределено време. Тие треба да ги образуваат младите, а не да се плашат за работното место. Наставниците отсега нема да се плашат од политички притисоци туку ќе се насочат кон квалитетно предавање и постигнување високи резултати на меѓународните натпревари.Порано беше луѓето да мора да одработат во партиските штабови за да им се продолжи договорот и никогаш работното место да не им е безбедно, вели Царовска.