Вкупно 50 ковид пациенти се лекуваат во велешката болница

Објавено на 8 мај, 2021 во 13:06

Во текот на денешниот ден, од Општа болница Велес, испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Вкупно се хоспитализирани 50 ковид пациенти во Општа болница Велес, од кои 40 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 24 пациенти, соопшти потпаролката на велешката болница, Елеонора Јованова.

Во моментов на Инфективно одделение се лекуваат 26 ковид пациенти, на Интерно одделение шест и воМодуларна болница 18 ковид пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.