„Борец“ го обезбеди опстанокот во првата македонска фудбалска лига
Објавено на 10 мај, 2021 во 09:21
Во решавачкиот натпревар за опстанок во првата лига велешани покажаа дека местото им е во елитната конкуренција.
Гостите имаа шанса на почетокот кога имаа пенал но голманот на „Борец“, Горгиевски, го одбрани ударот на Селмани.
Во 32 минута на натпреварот на градскиот стадион „Зоран Паунов“ домакините преку фудбалерот Мишев го отворија а конечниот резултат е постигнат во 90 минута преку голот на Еди Баша.
На коло до крајот на првенството „Борец“ го обезбеди опстанокот без разлика на резултатот од гостувањето во Струмица и натпреварот со „Академија Пандев“.
Радоста за опстанокот играчите на велешки „Борец“ ја поделија со навивачката група „Гемиџии“, која надвор од трибините, постојано ги бодреше.
Лазар Лазаревски