Смирете ја кожата со маска од јогурт
Објавено: 15 септември, 2015, во 07:44 часот
Да ја смирите на природен начин иритираната кожа, најдобро е да изберете јогурт.
Одлично ја чисти кожата и помага во зачувување на свежината и влагата. Покрај тоа, содржи млечна киселина, која ја забавува појавата на брчки и ја намалува видливоста на постојните.
Јогуртот може да го користи сам,а доволно е едноставно да нанесете на претходно исчистена кожа и оставете да делува 20 минути. Но, ако сакате да ги исчистите порите и смирете црвенилото, половина чаша полномасен јогурт, се меша со 3 лажички сок од лимон и малку минерална вода. Нанесете ја смесата на лицето и вратот, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да делува 15 минути и исплакнете со млака вода.
