Минивал –зошто да не?
Објавено: 1 септември, 2015, во 07:41 часот
Што да правиме кога косата е тенка и слаба? Минивал- зошто да не? Постојат минивали кои делуваат како природна брановидна коса и кои изгледаат како да имате природни локни.
Доколку имате рамна,тенка коса а фризурата никогаш не ви стои доволно долго и така како што би сакале минивал е можеби е идеално решение за вас. Со крупен минивал може да се постигне косата да добие волумен и да делува поубаво и погусто.
Осум до десет недели после третманот вашата коса ќе биде благо брановидна и ќе има сосема нова форма и изглед,но се разбира дека ќе треба да водите и доволно сметка за нејзино одржување со вообичаени производи за нега на коса.
