Лесни решенија за најчести проблеми со веѓите
Објавено: 31 август, 2015, во 08:42 часот
Во поново време поуларни се нагласени,густи и јасно оформени веѓи. Нив навистина е тешко да се оформат за одобро да го надополнат и да ги истакнат линиите на вашето лице.
Најдобро е да се консултирате со стручно лице и да дозволете да ви ги оформи веѓите а потоа само да ги одржувате. Ако тоа не ви оди од рака ви доенсуваме ситни совети за тоа.
Ретки веѓи – Ситните празнини пополнети ги со молвче или сенки за веѓи која е за нијанса осветла од вашите веѓи. Бојата треба рамномерно да ја нанесете па затоа задолжително користете четкичка за веѓи.
Неуредни веѓи – Најдобро ќе ги средите со помош на четкичка за веѓи и ножички. Веѓите исчелајте ги нагоре а потоа со ножичиња скратете ги влакната кои го минуваат лакот на веѓите. За да останат средени на четкичката ставете малку лак за коса и со неа поминете преку веѓите.
Лут изглед – Ако веѓите ви даваат лут изглед веројатно огрешно се оформени. Не треба да имаат остри линии ниту да бидат премногу густина еден дел а на друг премногу ретки. Неправилностите исправете ги со неколку потези но внимавајте да не претерате.
