Како да го сочувате потемнетиот тен?

Објавено: 25 август, 2015, во 07:44 часот

Потемнетиот тен може да се задржи од шест до десет дена кога кожата почнува да се регенерира. Ако сакате да го одложите нејзиното обновување орате да пиете многу вода,да се хидрира кожата со креми но и да се јадат производи кои го чуваат потемнетиот тен.

Доколку сеуште не сте почнале со сончање би требало да направите пилинг на целата кожа и задолжително да се намачкате со хидартантен крем со заштитен фактор.

После сончањето користете креми на кои пишува дека се за таа намена – за нега на кожата после изложување на сонце. Тоа се препарати кои кожата ја снабдуваат со влага и неопходните витамини.

Доколку имате акни на лицето немојте некое време да користите креми кои ги отстрануваат како ни лосиони а прескокнете го и пилингот на лицето.

Одредена храна го чува потемнетиот тен. Синиот патлиџан,целер,спанаќ,диња,домат,кајсија,морков и црна чоколада се производи богати со витамин Е кој и е потребен на кожата после сончање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.