Осветлете ја косата на природен начин

Објавено: 24 август, 2015, во 07:11 часот

Ако сакате да ја осветлите косата можете тоа да го направите на потполно природен начин. Наместо да ја сушете со хемикалии и дополнително да ја оштетувате,ви откриваме со кои природни состојки вашата коса може да биде посветла.

Лимон – Најдобар начин да ја осветлите косата е тоа да го направите со помош на лимон. Измешајте лимонов сок со мед и нанесете на косата.Оставете да делува триесетина минути и измијте. Косата мијте ја на вобичаен анчин и задолжитечлно нанесете регенератор,бидејќи лимонот ја суши косата.

Камилица- Направете чај од камилица и оставете целосно да се излади. Косата измијте ја на вообичаен начин,нанесете регенератор а потоа косата измијте ја со чај. Косата исушете ја на сонце. Постапката правете ја секој втор ден за да псотигнете што подобри резултати.

Оцет – Косата измијте ја,нанесете регенратор а потоа измијте ја со јаболков оцет. Со редовно миење на косата со оцет постепено ќе ја осветлите.

Црн чај – Содржи танинска киселина која видно може да ја осветли косата. Направете силен црн чај и со него измијте ја косата.Оставете да делува 30 минути и измијте со топла вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.