Земјоделска машина згмечи шестгодишно дете во Неготино

Објавено: 15 јули, 2015, во 09:07 часот

Шест годишно девојче од Неготино синоќа почина во болницата во Велес како последица на потиснување од земјоделска машина во дворот на семејната куќа на улицата „8 Ноември“ во Неготино, потврди за Дума, портпаролката на СВР од Велес Анита Стојковска.

Несреќата се случила додека детето си играло во дворот, вчера доцна попладне околу 18 часот. Девојчето се качило на земјоделската машина марка „вум“ која била потпрена на бетонско ѕидче и не била стабилна за кратко потоа машината да падне и да го потисне.

На девојчето му била укажана итна лекарска помош и било пренесено во болницата во Велес, но поради сериозноста на повредите истото починало.

По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа од Полициска станица Неготино.

По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете ќе биде предадено на фамилијата./У.Ј

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.