Основни трикови за убави трепки
Ако не се нанесе правилно, дури и најдобрата маскара нема да ви помогне да ги нагласите трепките .Затоа, ние ќе ви донесеме неколку основни трикови со кои трепките ќе ги нагласите повеќе од кога било.
Извиткување – Со цел да се бидат што понагласени, трепките завиткајте ги пред примена на маскарата. Машинката можете и благо да ја загреете со фен пред виткање,но водете сметка да не биде премногу врела за да ве изгори. Трепките задолжително виткајте ги од корен.
Слоеви – Маскарата е секогаш подобро да се нанесе во два или три посиромашни слоја отколку во еден богат слој. Секогаш маскарата нанесувајте ја од коренот на трепките. Вториот слој нанесете го само кога првиот претходно ќе се исуши.
Пудра – Бебешката пудра може да ви помогне дополнително да ги нагласите трепките. Нанесете малку пудра на трепките со чепкалка за уши па потоа нанесете маскара.