Трпески: ВМРО ДПМНЕ се пазаралела со ДУИ за Гостивар и ги злоупотребува државните компании
„Денеска јавноста ќе слушне за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе слушне за пазарот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за локалните избори но и за партиските вработувања. Денеска јавноста ќе ја слушне вистината за Законот за бранители,“ рече предмалку во Домот на културата АСНОМ во Гостивар Благојче Трпески, претседател на Општинската организација (ОО) на СДСМ – Гостивар, објавувајќи ја најновата серија снимки од прислушкувани разговори, односно „бомби“ на СДСМ.
Тој на почетокот пушта четири снимки – од Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ, како бара од Александар Левковски, директор на ХЕЦ Гостивар, да обезбеди возило за партиските потреби. Во вториот станува јасно како се договараат партиски вработувања во Гостивар, а во третиот разговор се слуша како Влатко Чингоски и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк Маврово, договараат подобро работно место за претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар.Последниот разговор од првиот сет е оној со директивата на Никола Груевски до Миле Јанакиески, Радио Гостивар да го земе некој од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Плусинфо