Колев: „Честит 11 Октомври, честит Ден на народното востание!“
Објавено: 11 октомври, 2026, во 12:52 часот
Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето во Спомен костурницата на загинатите борци во НОВ од Велес и велешко како и со свечена програма, Општина Велес, ја одбележа 85-та годишнина од борбата на македонскиот народ против фашизмот.
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, сподели честитка по повод празникот:
„Денот 11 Октомври е ден од македонската историја, ден кога е поставен темелот на македонската државност. Овој ден е симбол на македонскиот непокор и борба за слобода. Со првите пушки во Прилеп и Куманово бројните херои од партизанските одреди се побунија против фашистичката агресија од страна на Германија, Бугарија и Италија, гинејќи храбро за она во што верувале. Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе чиј аманет го носиме и денес – слободна и горда татковина! Да живее Републиката, да живее Македонија!“
Убавка Јаневска


