Интервју на Фактор со Спасов: Ципрас создава простор за креативно решение на спорот за името!
Радикализмот на Сириза ќе спадне првиот ден по изборите“, проценува поранешниот министер и екс македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов.
„Програмата на Сириза не е ултра левичарска. Таа е модерна социјалдемократска партија како ПАСОК, но успеа радикално да ги постави барањата за противење кон мерките за штедење наметнати од ЕУ“ , вели Спасов. Во однос на македонско грчкиот јаз околу прашањето за името, екс македонскиот амбасадор оценува дека лидерот и иден премиер Алексис Ципрас ќе го почитува постигнатиот консензус меѓу грчките политичките партии по тоа прашање.
„Атина ќе инсистира на име со географска одредница (во смисла Горна, Северна или Вардарска Македонија) за севкупна употреба. Но Грција и Сириза имаат простор поимот севкупна употреба да го толкуваат креативно, а околу придавката македонски имаат слобода да изнајдат европско решение“, вели за Фактор амбасадор Ѓорѓи Спасов.
Кревките политички односи меѓу Макеоднија и Грција не ги попречуваат двете земји јакнењето на стопанската соработка. „ Во сферата на бизнисот станува збор за взаемен економски интерес, во кој се вклучени моќни поединци од двете земји“, оценува за Фактор поранешниот министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов.
Текстот во целост овде.