Во Неготино, полицијата открила Авганистанци и скопјанец кои им помагал да поминат низ Македонија

Објавено: 10 декември, 2014, во 08:08 часот

Во такси возило, управувано од Неготинец, полицијата ги открила педесет и седумгодишниот скопјанец С.А и двајца авгански државјани. Такси возилото било запрено вчера претпладне на автобуската станица во градот.

По преземени мерки е констатирано е дека С.А требало да ги префрли авганистанските државјани до одредена дестинација. Такси возачот е ослободен, додека С.А е приведен и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.