Комисијата одлучи се одземаат мандатите на опозициските пратеници
Едногласно за одземање на мандатите на 31 пратеник од коалицијата од опозицијата, гласаа членовите на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања во републичкото Собрание.
Претседателот на комисијата, Александар Николовски рече дека факт е, а и очигледно дека опозициските пратеници не ја исполнија својата уставна обврска, како избрани од граѓаните и не учествуваа во работата на Собранието и неговите тела. Поради тоа, треба да им се одземат мандатите.
На иста линија е и владиниот колационер ДУИ. Според Артан Груби, одземањето на мандатите, е според законите и Уставот, така и треба да се постапи.
Во комисијата се гласа поединечно, за секој пратеник за одземање на мандатите. Заклучено дека сепак, опозициските пратеници имаат уште една можност за враќање во Собранието, до одржувањето на седницата, на која ќе се одлучува за мандатите.
Разгледувањето на предлогот на Комсијата за одземање на мандатите, претседателот на Собранието, треба да го стави на првата наредна седницата. 82 пратеници треба да гласаат за предлогот.