Заев: Неприфаќањето на Ден Дончев за сведок ја наговестува пресудата (ВИДЕО)

Објавено на 2 септември, 2014 во 14:23

Се е јасно и заради тоа после неприфаќањето на Дончев како сведок, само по себе го потврдува извесноста од решение на самиот процес – рече Заев во изјава за медиумите во скопскиот Основен суд.

-Сакам да кажам дека евтин трик со којшто се намалува оштетното побарување од 500-тини илјади евра на 50 илјади евра, апсолутно е ирелевантно и неважно за целиот овој процес.

Во целиот овој процес, треба да се утврди дали тужителот договарал, дали е тоа неговиот глас и дали учествувал во продажбата на Македонска банка.

По пат на тужба тој бара оштетно побарување, од мене, како претседател на опозицијата или лично Зоран Заев, заради нанесена штета на честа и угледот.

Сакам да констатирам дека аудио снимката како крунски доказ не е прифатена и Ден Дончев, кој лично ја достави аудио снимката и материјалните докази, лично кај мене на рака, не е повикан да сведочи, иако е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време.

И денешното рочиште во кое што судот дозволи Никола Груевски да не даде одговор дали гласот на снимката е негов или не и да се повика на партиско соопштение, само по себе ја потврдува оваа фарса, којашто апсолутно според мене и моите адвокати има извесен крај.

Се е јасно и после неприфаќањето на Ден Дончев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, доставувачот на снимката и конкретните материјални докази и повторното одбивање од страна на судот, да не биде прифатен како доказ, само по себе ја потврдува извесноста од решението на целиот овој процес, изјави Заев.

{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=kNiye630B7g{/youtube}

Извор: Нова ТВ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.