Судијката повторно го одби Ден Дончев за сведок

Објавено на 2 септември, 2014 во 12:57

На денешното судско рочиште од процесот Груевски против Заев за Македонска банка, адвокатскиот тим на Заев повторно го предложи Ден Дончев како сведок, но судијката повторно го одби.

И Јовица Стефановиќ – Нини и Ден Дончев веќе беа предложени како сведоци од одбраната на 3 јули, но во судот вчера се појави само Газда Нини. Тој тврдеше дека не ги познава ниту Груевски, ниту Заев, а ниту пак Ден Дончев.

Вчера, одговарајќи на новинарски прашања, адвокатот на Заев, Мирослав Вуиќ, демантираше дека Ден Дончев доставил писмена изјава дека не сака да сведочи.

– Ден Дончев никогаш не доставил изјава и никогаш не кажал дека не сака да сведочи. Прашање е дали воопшто имало обид да се прати покана за да сведочи. Наспроти тоа, другиот сведок (Газда Нини н.з.) е обезбеден, иако ние немавме адреса и можност на друг начин да го обезбедиме – рече Вуиќ.

Денес, пак, Заев изјави дека снимката му ја дал лично Ден Дончев. Тој рече дека сите докази за трансакциите, како и документи за продажбата ги добил од Дончев неколку дена пред да ја објави снимката.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.