Груевски: Заев негираше што кажуваше на прес конференции (ВИДЕО)
Зоран Заев во судница негираше дека сум земал 1,5 милиони евра во кеш како провизија за продажбата на Македонска Банка и објасни дека во јавноста изнел само основано сомнение и верувам дека судот ќе донесе правилна одлука-изјави премиерот Никола Груевски по сведочењето на лидерот на опозицијата.
Груевски посочи дека му бил оцрнет угледот и честа со серијата пресконференции кој ги одржал Зоран Заев.
Според него вистинитоста на пресконференциите на лидерот на СДСМ ги довел во прашање и српскот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини кој пред судот изјави дека не ги познава ниту него ниту Заев, иако сведочел на покана на одбраната.
Инаку адвокатот на премиерот Никола Груевски на денешното рочиште го намали побарувањето од Зоран Заев на 50.000 евра или десетпати помалку велејќи дека целта не е да се постигне висока штета, туку да се докаже чесноста на премиерот Груевски.
Адвокатите на Зоран Заев повторно побараа да се дозволи сведочење на Ден Денчов, а судијката Весна Калковска по втор пат го одби Дончев како сведок, по што Зоран Заев стана и го напушти судењето.
-Намалувањето на казната е ефтин трик, а целта овде беше да се докаже вистинитоста на нашите наоди. Со самото тоа што судот не дозволува такви докази и го одби Дончев како сведок, ирелевантно е колку пари бара премиерот бидејќи ние сме спремени да ја докажеме вистината, рече Заев по напуштањето на судењето.
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=Hnq9-YNEpa4{/youtube}
Извор: А1.он.
Фото: Денешен