ЕП треба да ја потврди номинацијата на Јункер
Објавено: 15 јули, 2014, во 08:01 часот
Европскиот парламент во Стразбур денеска треба да го потврди Жан-Клод Јункер за следен претседател на Европската комисија.
Поранешниот премиер на Луксембург беше номиниран на самитот на ЕУ минатиот месец и покрај цврстото противење од Британија и Унгарија.
Лидерите на ЕУ утре во Брисел се очекува да го номинираат следниот шефот за надворешна политика на ЕУ и можеби следниот претседател на Советот на ЕУ.
