Заев: Тие нека манипулираат и лажат но, тоа е злосторство врз демократијата

Објавено на 23 јуни, 2014 во 15:45

Лидерот на опозицијата Зоран Заев во интервјуто за порталот Локално.мк одговара на повеќе прашања поврзани со актуелната политичка состојба во земјата. Притоа Заев вели:

– Еврокомесарот Штефан Филе упати јасни пораки до Никола Груевски. Власта на ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под нивна контрола се обиде да ја престави поинаку реалноста, но тоа не значи и дека ја сменија самата реалност. Како што соопштивме и јавно, и на тие средби потенцираме дека ставаме крај на поигрувањето на Груевски и неговата власт со конструктивноста на опозицијата. СДСМ како одговорна партија секогаш во преден план ги имала и ги има интересите на Македонија, За името  Заев прашува: „ Информациите од надвор веќе подолг период говорат дека нешто се случува, дека Груевски нешто прифатил, за што СДСМ, како и граѓаните на Македонија немаат информации“. Во однос на медиумите тој порачува„ Опозицијата нема намера да се меша во уредувачка политика. Но опозицијата повеќе нема да дозволи власта на Груевски со народни пари да корумпира приватни медиуми, обезбедувајки си на тој начи полтронство и простор за пласирање измислици и конструкции во јавноста, на штета на опозицијата, а со тоа да ги лажат и граѓаните на Република Македонија.Тоа е злостроство врз демократијата !

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.