Минов: Општински функционери им се закануваат на наши членови

Објавено на 17 април, 2014 во 16:45

Носителот на пратеничката листа на ГРОМ во четвртата изборна единица, Панчо Минов денеска на прес конференција обвини дека општиснки функционери и нивни пријатели бизнисмени им се заканувале на членови на ГРОМ и на нивни блиски дека ќе останат без работа доколку гласале за Минов.

„Има притисоци врз наши членови од типот ако си таму ќе ја загубиш работата. Најостро реагирам и се оградувам од ваквите методи. Овие недемократски методи се применуваат од општинските функционери и нивните пријатели-бизнисмени. На секој што ќе му се случи неправда, најодговорно тврдам дека ќе ги застапувам неговите интереси и ќе помагам за нивно обештетување и штетата да им се надомести“ рече меѓу другото Минов на прес конференцијата.

Нагласи дека ако добие доверба од граѓаните за мандат во парламентот секогаш ќе ги застапувал нивните интереси./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.