3.000 евра казна за загадувачите на почва

Објавено на 3 февруари, 2014 во 09:04

Забрана на палење стрниште по жетвa, глоба за наводнување со загадени и фекални води, казни за сите што неконтролирано ја ѓубрат почвата со вештачки ѓубрива се само дел од новините што ги носи Законот за заштита на почвите.

Строго ќе се казнуваат и тие што применуваат земјоделски практики што доведуваат дo намалување на органската материја и на биодиверзитетот како засолување, закиселување и загадување на почвите со опасни супстанции, а нема да бидат поштедени и тие што горат или вршат друга форма на неконтролирано оставање и отстранување отпад на почвата.

Според Законот за заштита на почвите, сопственикот или корисникот на земјиштето е должен да води грижа за почвата и да не ја оштетува. Исто така сопствениците и корисниците на подземни и надземни мрежи и канализациии се должни да ги одржуваат во техничка исправност и да не дозволуваат со користењето да настане деградација на почвата. Со законот се опфатени и сопствениците и операторите на депониите, како и на објекти за производство и складирање отпад на опасни супстанции, препарати и производи.

За прекршителите на Законот за почвите казните се ригорозни. Глоба од 3.000 евра ќе му се изрече на правно лице ако врши дејности или активности што предизвикуваат деградација на почвата. Толку ќе добијат и сопствениците и корисниците на подземни и надземни мрежи ако не ги одржуваат истите во техничка исправност и ја загадат почвата. Глоби се предвидени и за физичките лица и се во висина од 150 евра во денарска противвредност.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.