Опозицијата во кавадаречкиот совет обвини за слаба комунална изградба годинава
За седницата во петок е одложена расправата за буџетот на општина Кавадарци. Така одлучи кавадаречкиот совет на денешната седница, за општинската каса да расправа на наредната седница, а на денешната да ги разгледува програмите за работа на локалната самоуправа следната година.
Предлог програмата за комунална изградба за следната година предизвика бројни дискусии. Советниците од опозицијата обвинија дека за време од 5 години власт на ВМРО-ДПМНЕ биле потрошени 50 милиони евра, а немало реализирано значајни проекти.
За советникот Зоран Бањански новата програма за комунална изградба била само голо ветување пред избори, бидејќи наредната година ќе се одржуваат претседателските избоири, а постоело можност и за предвремени парламентарни.Според него многу работи и од програмата за 2013 не биле реализирани.
Советникот Горан Белевски обвини дека програмата била преамбициозна и неостварлива, а дека градоначалникот и оваа локална власт немале капацитет да ја реализираат. Белевски потенцира дека плоштадот и црквата биле изградени со пари од донации, а кејот бил изграден од претходната локална власт. Поради тоа постави прашање за што биле потрошени 50 милиони евра пари од општинските буџети во изминативепет години.
Реплицираа советниците од владеачкото мнозинство. Им рекоа на колегите од СДСМ дека не сакале да ги видат релаизираните проекти. Го нагласија решениот проблем со водаоснадувањето. Советникот Зоран Јованчев апелираше програмата да се усвои, а потоа да се дискутира дали и колку од неа ќе се реализира. Советникот Слободан Ивановски пак рече дека програмата е предимензионирана, бидејќи е поставена повисока цел за реализација.
„Стварно се чудам на политиката на СДСМ. Толку се направи, а вие не сакате да погледнете. Не кажувате дека е решен најгорливиот проблем со водоснабдувањето“’ подвлече во својата дискусија советничката Анита Гинова-Каракутова.
По подолгите политички препукувања програмата беше усвоена, а подршка добија и програмата за изградба на градежно земјиште , за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта, програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија. Исто така подршка од советот доби и програмата за изработка и донесување на урбанистички планови, програмата за развој за која советникот Белевски имаше поднесено неколку амандмани по кои советот одлучуваше. Исто така на денешната десета седница беше подржана програмата за развој на невладиниот скетор, за меѓународна соработка, за активностите на општината во делот на културата./А.Д