Изгоре мерцедес, сопственикот се сомнева дека пожарот бил подметнат
Во пожар што се случил, вчера во раните утрински часови, изгоре автомобил марка „Мерцедес“ сопственост на триесет годишниот Г.П од Велес. Огнот избувнал во 2 часот по полноќ додека возилото било паркирано на вообичаеното место на улицата „Белградска“ во близина на мини трговскиот центар, кај гаражите на Дервен.
Пламенот први го забележиле граѓаните во околните станови и куќи. Го алармирале и сопственикот, а била повикана пожарна. По брзата интервенција на пожарникарите огнот бил угаснат но штетата на возилото била голема.
Сопственикот на мерцедесот случката ја пријавил во полиција и бидејќи се сомневал дека станува збор за подметнат пожар бил направен увид од екипа на СВР Велес.
– Во одделот за крим техника на МВР испратени се примероци од опожареното возило. Се очекуваат резултати од вештачењето кои треба да ги потврдат или отфрлат сомнежите на сопственикот на автомобилот, рече портпаролката Анита Стојковска.
Пожарот ги вознемирил жителите во овој дел на Нова населба. /Б.Н