Најпосакувано парче на сезоната

Објавено: 19 ноември, 2013, во 09:53 часот

Капутот Céline стана еден од најпосакуваните модни парчиња гардероба на оваа сезона.

Прв пат е забележан после ревијата во март кога критичарите ја оптужија дизајнерката за плагијат и нејзиниот капут со заврзани ракави го поврзаа со сличниот капут на Geoffrey Beene од  2004 година. После долги спорови и изјави ,скандалот се смири а креацијата на Phoebe Philo остана исто така привлечна на многу модни љубителки за што сведочи огромниот бран на интерес.

Сите познати модни списанија го сместија капутот но и фустанот на Céline на странците на сите списанија а парчињата исто така добро изгледаа и на Sam Rollinson, на нежната Doutzen Kroes, но и во комбинација со детското лице на Sašа Pivovarovа. А во септември фустанот се појави и во street style списанијата. Заклучокот е само еден – без оглед што се можеби плагијат овие парчиња ја освоија модната сцена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.