Најпосакувано парче на сезоната
Објавено: 19 ноември, 2013, во 09:53 часот
Капутот Céline стана еден од најпосакуваните модни парчиња гардероба на оваа сезона.
Прв пат е забележан после ревијата во март кога критичарите ја оптужија дизајнерката за плагијат и нејзиниот капут со заврзани ракави го поврзаа со сличниот капут на Geoffrey Beene од 2004 година. После долги спорови и изјави ,скандалот се смири а креацијата на Phoebe Philo остана исто така привлечна на многу модни љубителки за што сведочи огромниот бран на интерес.
Сите познати модни списанија го сместија капутот но и фустанот на Céline на странците на сите списанија а парчињата исто така добро изгледаа и на Sam Rollinson, на нежната Doutzen Kroes, но и во комбинација со детското лице на Sašа Pivovarovа. А во септември фустанот се појави и во street style списанијата. Заклучокот е само еден – без оглед што се можеби плагијат овие парчиња ја освоија модната сцена.
