Денеска сончевo и ветровито

Објавено: 7 ноември, 2013, во 08:36 часот

Времето денеска  ќе биде претежно сончево и ветровито.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 0°С до 8°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°С односно до 23°С.

 

Во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 20°С.

Во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло, но со постудени утра и ноќи. Во утринските часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла по котлините и речните долини.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.