СДСМ обвинува за двоен аршин на одбележување на државни празници а од општината велат тоа не е точно

Објавено: 23 октомври, 2013, во 14:29 часот

Денот на македонското народното востание 11 октомври е помалку значаен празник од 23 октомври,  денот на македонската револуционерна борба, ја прашаа социјалдемократите општина Велес. Опозицијата регираше  на однесувањето на локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ која за 11 октомври со неколку висечки кордони го украси градот а за одбележувањето на  23 октомври  го постави државното и градското знаме на сите јарболи низ градот.

Социјалдемократите  прашаа  зошто општината организираше свечена академија за македонската револуционерна организација  а истото не го направи  и за 11 октомври .

– За само десетина дена можеме да ги видиме двете лица на власта. Едното кога на достоинствен начин организира и слави државен празник, а другото кога занемарува и на недостоинствен начин се однесува кон друг државен празник. Едни државни празници за ВМРО ДПМНЕ се битни, а други помалку битни, или, очигледно небитни за празнување, рече портпаролот Иван Белевски.

Од СДСМ рекоа дека ваквото однесување значи поделба на народот и непочитување на  историскиот континуитет на македонскиот народ . Од таму посочија дека празниците се подденакво значајни и треба подеднакво да се прославуваат.

– Наш впечаток е дека се работи за неслучаен организиран настан на вакви празнувања, значи за еден празник има свечена манифестација а за друг нема. Тоа не е случајно туку самата власт ги потценува граѓаните и ја потценува историјата, рече Белевски.

Во писменото соопштение од општина Велес велат дека нема да одговараат на провокации што имаат цел политизирање на историјата и празниците. Ќе продолжат да ги одбележуваат затоа што празниците треба да не обединуваат.

„ Општина Велес во континуитет ги чествува сите оние празници кои го симболизираат стремежот на македонскиот народ за слобода без разлика на времето во кое се случил историскиот настан.  За празникот 11-ти октомври – Денот на народното востание, Општина Велес даде целосна поддршка на програмата што на Спомен-костурницата ја организираше ОО на СЗБ од НОВ и ги задолжи општинските училишта да се вклучат во нејзината реализација, додека со свечена академија во салата Бели мугри цо одбележи 23-ти октомври, Ден на македонската револуционерна борба како континуитет во остварувањето на целите за слобода на македонскиот народ“, стои во соопштението на општината./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.