Полицијата осомничи башиноселец за предизвикување општа опасност

Објавено: 23 октомври, 2013, во 13:53 часот

Четириесет и пет годишниот З.Т.  од Башино село носел песок во товарно возило  кога го запрела полицијата.  Тој не ги испочитувал полициските наредби туку од возилото ја истурил песокта и се обидел  да го прегази полицискиот службеник.

Додека ја истурал песокта, приколката на камионот кипер, закачила  телефонски  жици ги искинала и се скршиле  три дрвени бандери. Потоа З.Т  со камионот се упатил кон локалниот пат Велес-Башино Село и и ги загрозил другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.