Василев одговори на Стровјаноски: Го жалам колегата, обвинувањата се од лична природа!
Објавено: 18 октомври, 2013, во 15:19 часот
Нема ризик за пациентите ниту за докторите во велешата болница, тврди првиот човек д-р Атанас Василев.
Вели дека болницата во Велес до сега подобро не функционирала одговарајќи на вчерашните изјави на урологот Димитар Стровјаноски кој тврдеше дека таму е ризично да се работи, но и да се лекува. Според Василев спроведени се низа корисни реформи кои ја претвориле болницата во една од најдобрите во земјава.
– Во моментов е реновиран повеќе од половина простор во зградата, воведен е оперативен програм со кој точно се знае кој пациент кога и кој доктор ќе го оперира, се врши плаќање по учинок на докторите кои се стимулирани да работат повеќе од било кога, со мој термин се избегнати гужвите во ходниците, а се набавени и нови апарати и испратени се лекари на специјализација и обука во странство. Поради сето ова одговорно тврдам дека болницата не е ризична туку напротив една од подобрите за пациентите, рече директорот Атанас Василев.
Тој објаснува дека спојувањето на очното со одделението за уво нос и грло е поради нивната неискористеност, а со цел да се заштеди. Вели дека пациентите ќе лежат на исто одделение а операциите ќе се извршуваат во различни простории. Според директорот така администрацијата ќе добие свој простор оти до сега е сместена во објект за кој се плаќала кирија. Василев вели дека разговарал со докторите и дека ниту еден не планира да замине од болницата, а овинувањата на Стровјаноски според него се од лична природа.
– Разочарани се и останатите доктори со кои разговарав бидејќи ниту еден од нив не изразил жеба да замине од болницата како што тоа во изминативе денови на неколку медиуми го тврдеше докторот Стровјановски во нивно име. Јас искрено го жалам и иако во неколку наврати и јас и другите колеги му укажуваме дека не би требало да се занимава со комбинаторики низ болницата и државата тој за жал тоа не го сфаќа добронамерно и е негов проблем и негов став, вели Василев.
Инаку урологот Димитар Стровјаноски во неколку наврати реагираше на реформите кои ги воведува сегашното раководство на болницата и вчера за Дума.мк изјави дека е ризично да се работи со застарената опрема како за докторите така и за пациентите. Тој ова им го напиша во отворени писма и на Премиерот и на Министерот за здравство, но вели немало никаква реакција. Василев пак тврди дека болницата да сега многу од опремата ја обновила, и најавува дека во иднина ќе продолжи со истото темпо./Б.Н.
