Совети за убава кожа
Објавено: 14 август, 2013, во 07:33 часот
Постојат многу совети за негување на кожата. Еве десет кои се лесно применливи:
Некое време користете помалку шминка. Не го затнувајте лицето со коректори, пудри и руменила.
Олеснете му на лицето измивајќи ги отровите со многу вода и свеж сок од овошје.
Спијте квалитетно и доволно.
Важна е медитацијата т.е. важно е да се изборите против стресот, а медитацијата ќе ви го овозможи тоа.
Важна е и редовна физичка активност затоа што овозможуван свежа крв и кислород да дојдат до кожата, а тоа помага да се елиминираат отровите.
Навлажнувајте ја редовно и користете ноќни креми. Правете пилинг на колената и лактовите, на кои кожата е вообичаено погрубо. Секако, не заборавајте го редовниот пилинг на целото тело.
Одлична за телото е масажа со масло.
Хранете се правилно за ослободување од слободните радикали, кои ја стареат кожата.
Во кујната е тајната на убавата кожа. Користете го овошјето и зеленчукот за негување на кожата.
Кога на кожата ѝ треба потхранување, дајте ѝ банана и свежо млеко.
